spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Програма за размена на студенти и научници како дел од билатералната...

МОН: Програма за размена на студенти и научници како дел од билатералната соработка со Република Полска

Полската национална агенција за академска размена – NAWA известува дека во академската 2022/23 година реализацијата на билатерална соработка во областа на високото образование и науката од страна на Полска ќе биде спроведена во рамки на „Програмата за размена на студенти и научници како дел од билатералната соработка – понуда за дојдовни студенти и научници“ (“Exchange Programme for students and scientists as part of the bilateral cooperation – offer for incoming students and scientists”).

Според полската позиција во рамките на Берлинскиот процес, Полската национална агенција за академска размена ќе додели стипендии за македонски истражувачи и студенти за академската 2022/23 година, во вкупно времетраење од 20 месеци годишно за научно-истражувачка пракса и за едно-семестрални студии, на универзитети и институции кои се во надлежност на министерот за наука и високо образование на Република Полска.

Почнувајќи од академската 2022/23 година NAWA ги прифаќа и Еразмус+ студентите, кои би можеле да ја комбинираат стипендијата NAWA и стипендијата Еразмус+.

Потребните документи за поднесување на кандидатурите, како и подетални информации може да се најдат на веб страницата:

https://nawa.gov.pl/studenci/studenci-zagraniczni/program-wymiany-osobowej-studentow-i-naukowcow-w-ramach-wspolpracy-bilateralnej-oferta-przyjazdowa

Апликацијата заедно со потребните документи треба да бидат доставени до Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија најкасно до 15 април 2022 година.

Линкот за регистрација е: https://www.nawa.gov.pl/en/

Лице за контакт : Гоце Видановски, Сектор за наука и иноваци,

E-mail: goce.vidanovski@mon.gov.mk

Прилог:

–       Announcement of the call for proposals;

–       Regulations of NAWA;

–       Application form for candidates for the academic year 2022/23.

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте