Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска оствари средба со Росана Дуџак, постојана координаторка на Обединетите Нации (ОН) во Република Северна Македонија.
Дуџак на вицепремиерката Грковска ѝ го честиташе стапувањето на новата должност и ѝ посака успешен мандат истакнувајќи дека поддршката од ОН останува како континуитет во спроведување на планираните реформи.
Вицепремиерката Грковска го изрази своето задоволство од досегашната изворендна соработка со различните агенции на ОН и реализација на програмите од интерес на нашето опшстество.
Грковска, ја искористи приликата да ги информира за активностите што кабинетот ги презема и за идните планови кои се во насока на стратешката определба и посветеност на Владата на Република Северна Македонија за креирање на политики за добро владеење во државата кои треба да бидат основа за дигитализација на процесите и овозможување ефикасно и транспарентно функционирање на институциите.
Грковска и Дуџак се согласија за извонредното значење на доброто владеење што е еден од столбовите на интерес на ОН, имајќи предвид дека најмалку десет агенции на ОН го имаат како фокус на активностите и изразија подготвеност за интензивирање на соработката во овој правец.
Извор: Влада