spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиСредба со Грковска, ЗП на Владата на Република Северна Македонија задолжен за...

Средба со Грковска, ЗП на Владата на Република Северна Македонија задолжен за политики за добро владеење

На 28.01.2022 година во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), ДКСК оствари средба со г-ѓа Славица Грковска, Заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за политики за добро владеење.

 

Средбата се одржа со цел запознавање на ДКСК со новиот Заменик на Претседателот на Владата  г-ѓа Славица Грковска и улогата на нејзиниот кабинет.

На средбата Вицепремиерката г-ѓа Славица Грковска инфомираше дека улогата на Кабинетот на Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење е креирање на политики кои ќе им овозможат непречено функционирање на надлежните институции во насока на обезбедување на владеење на правото и ефикасна борба со корупцијата, како и детектирање на системски слабости и изнаоѓање на стабилни, ефикасни и долгоречни решенија кои ќе бидат примелниви.

Таа нагласи дека ДКСК е една од најважните катики во ланецот за превенцијата и борбата со корупцијата во Република Северна Македонија поради што искажа подготвеност за соработка со ДКСК како и нејзин ангажман во насока на зајакнување на капацитетите на ДКСК.

Од страна на ДКСК до Вицепремиерката Грковска беше изрзена благодарност за средбата како и за искажаните ставови во насока на подготвеноста за соработка со ДКСК и поддршката за зајакнување нејзините капацитети.

На средбата беше дискутирано за препораката на ГРЕКО по однос на следењето на примената на Кодекс за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата, при што беше нагласено дека е потребно да се направи компаративна анализа во насока на определување на лице односно тело кое ќе биде задолжено за  ефикасно и непристрасно следење на примената на Кодексот.

На средбата стана збор и за спроведувањето на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 при што од страна на ДКСК беше побарано од Вицеремиерката Грковска да даде стимул за нејзино спроведување од страна на Владата на Република Македонија и од органите на извршната власт.

 

Од страна на ДКСК Вицепремиерката Грковска беше информирана за изготвувањето на новото софтверско решение за електронско поднесување на Изјавите за имотна состојба и интереси, чиј дел ќе биде и Регистарот на избрани и именувани лица. При тоа беше истакната важноста за воспоставување на функционален и ефикасен регистар кој ќе претставува важна алатка за спречување на состојби на судир на интереси и кумулација на функции.

 

Исто така, Вицепремиерката Грковска беше информирана за изготвувањето на новото софтверско решение за Антикорупциска проверка на легислативата преку кое од страна на Владата, во електронска форма, до ДКСК ќе бидат доставувани предложените законски решенија со што ќе се овозможни поефикасно спроведување на надлежноста на ДКСК за антикорупциска проверка на легислативата односно детекција на слабосите во предложените законски решенија.

 

Од страна на ДКСК беше предложено да се одржи работна средба на ДКСК со новиот состав на Владата на Република Северна Македонија на која членовите на Владата ќе бидат запознаени со управувањето со судирот на интереси односно како да се избегне истиот.

 

На крајот, обострано беше истакнато  задоволството од одржаната средба и беше искажана подготвеноста за натамошна соработка. При тоа беше договорено континуирано да се одржуваат работни средби за прашања од заеднички интерес во насока на постигнување на стратешката цел за добро владеење и поефикасна борба со корупцијата.

 

 

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата

Прочитајте

МЈА: Министерот Минчев на средба со Австрискиот амбасадор Н.Е. Мартин Паммер

0
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев денеска оствари средба со Австрискиот амбасадор Н.Е. Мартин Паммер. Средбата се фокусираше на тековните реформи во јавната администрација, при...