spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАПЈ: „Албанскиот јазик пред и по усвојувањето на Законот за употреба на...

АПЈ: „Албанскиот јазик пред и по усвојувањето на Законот за употреба на јазиците од 2019 година“

Меморандумот за соработка, потпишан помеѓу Агенцијата за примена на јазикот на РСМ и Институтот за албанологија во Приштина, е сè поуспешен. Ова го сведочи и промоцијата на книгата „Албанскиот јазик пред и по усвојувањето на Законот за употреба на јазиците од 2019 година“ од авторите Илбер Села, Јетон Шасивари, Аргетим Салиу, Јусуф Зејнели, Ваљбона Хајредин и Лазо Матовски, издание на АПЈ, што излезе од печат пред извесно време.
Промоцијата се одржа во Институтот за албанологија во Приштина и на неа учествуваа голем број научни работници, универзитетски професори, бројни интелектуалци, претставници на медиумите, студенти и др.
На почеток на присутните им се обрати директорот на ИАП, Хисен Матоши, и директорот на Институтот за социјални и хуманистички студии при Универзитетот во Приштина, Арсим Синани.
Потоа директорот Илбер Села говореше за Агенцијата за примена на јазикот, давајќи преглед на оваа институција од нејзиното основање до денес.
А за содржината, важноста и научните вредности на оваа книга говореа и професорот од Универзитетот во Тетово, Јусуф Зејнели, професор од Универзитетот на Југоисточна Европа Јетон Шасивари и шефот на одделот за лингвистика при Институтот за албанологија во Приштина Наим Бериша.

 

 

 

 

Извор: Агенција за примена на Јазикот што го зборуваат најмалку 20 %од граѓаните 

Прочитајте