spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeЈавен секторВодовод Скопје: Граѓаните да ја искористат можноста за плаќање на сметките за...

Водовод Скопје: Граѓаните да ја искористат можноста за плаќање на сметките за вода, без камата

Директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински, во текот на денешниот ден во изјава за утринската емисија на Сител ТВ, Ја сакам Македонија посочи дека ЈП Водовод и канализација – Скопје, воспостави пракса за воведување на акции за наплата на заостанатите долгови без пресметка на камата за задоцнето плаќање, кои се спроведуваат неколку пати во годината во определен временски интервал.

Новата акција започна денес, 01.02.2022 и е со определен временски период, односно до 15.03.2022. Имајќи ги предвид социјалниот и економскиот статус на граѓаните, како и здравствената криза, а во последниот период и економската и енергетската криза, ЈП Водовод и канализација – Скопје, повторно ја активираше оваа мерка, со цел олеснување на условите за наплата за време на ценовните шокови.

Перински истакна дека оваа мерка е ефикасно решение со кое на должниците им се олеснуваат условите за отплата на заостанатите долгови, но и решение за зголемување на наплатата во претпријатието, со што се зголемува и ликвидноста и одржливоста.

Освен можноста за отплата на долговите без пресметка на камата, корисниците на услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје имаат можност и да склучат договори за плаќање на рати, најмногу до 24 рати, во зависност од големината на самиот долг.

Перински ги повика сите корисници, физички и правни лица, да ја искористат оваа можност за сервисирање на своите долгови, и апелираше за почитување на мерките и протоколите при посетите на претпријатието, додавајќи дека мерката и одлуката за исплата на долговите без камата не важи за институциите од јавниот сектор

 

 

 

Извор: Водовод и Канализација – Скопје 

Прочитајте

Велес: Општината ќе добие ново Јавно Осветлување

0
Општина Велес ќе добие ново јавно осветлување. Старите светилки ќе бидат заменети со нови паметни лед светилки. Македонски Телеком е носител на договорот за...