Пренесување на меѓународни искуства од областа на дигитализацијата и давање помош и експертиза во таа насока, беше во фокусот на вчерашната средба меѓу министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и постојаната координаторка на Обединетите Нации во Северна Македонија, Росана Дуџак.
Министерот Алити изрази задоволство од средбата и се заблагодари за поддршката што нашата земја генерално ја има од страна на Обединетите Нации. Воедно, ја поздрави можноста за соработка во областа на дигитализацијата, за унапредување на овој процес.
Министерот истовремено потенцираше дека МИОА е секогаш отворено за соработка.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација