spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Континуирана едукација за областа на заштитата на укажувачите

ДКСК: Континуирана едукација за областа на заштитата на укажувачите

Заштитеното пријавување е една од најважните алатки за откривање на злоупотребите во државните органи и институции од јавниот сектор, но и еден од клучните елементи од системот на интегритет. Затоа, Државната комисија за спречување на корупцијата, континуирано работи на спроведување на повеќе активности во насока на зајакнување на свеста и знаењето на заштита на укажувачите и важноста на имплементацијата на Законот за заштита на укажувачите.

Како дел од активностите во насока на јакнење на свеста и разбирањето на заштитата на укажувачите, Државна комисија за спречување на корупцијата со поддршка од ЕУ проектот ИПА II Проектот “Промовирање на транспарентноста и одговорноста во јавната администрација”,  во периодот од 31.01 до 03.02.2022 година организираше втора серија на онлајн обуки заради унапредување на свеста и знаењето од спроведувањето на Законот за заштита на укажувачите. Првата серија на обуки се реализираше во текот на месец Јули 2021 година.

Имено, во текот на месец февруари, беа одржани четири серии на обуки, распоредени во четири дена, и тоа за вработените во институциите кои согласно закон, се овластени лица за прием на пријави доставени заради заштитено надворешно пријавување: лица задолжени за прием на пријави доставени заради заштитено внатрешно пријавување, како и вработените во јавната администрација воопшто, заради зајакнување на свеста и перцепцијата за важноста на заштитеното пријавување како еден од најважните механизми за борбата против корупцијата.

 

 

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата 

Прочитајте