За да ги мотивира основците од десетте училишта на своја територија, општина Карпош распиша јавен оглас за доделување на стипендии за талентирани ученици –спортисти, кои учат во осмо и деветто одделение. Висината на стипендијата ќе изнесува 2.500 и 3.000 денари месечно, за четири месеци во текот на учебната година. Заинтересираните кандидати, кон апликацијата потребно е да ги достават следните документи:
- Потврда дека живеат во општина Карпош,
- Потврда од училиштето дека спортистот е редовен ученик во осмо или деветто одделение во учебната 2021/2022 година, во општинското основно училиште од подрачјето на општина Карпош,
- Копија од спортска легитимација од клубот во кој членува,
- Биографија на спортистот,
- Важечки документ (потврда) издадена од националната федерација за спортските успеси и резултати во периодот од 01.01.2021 година до 31.12.2021 годинаи и од 01.01.2022 до 31.01.2022 година.
Апликантите за спортска стипендија е потребно да приложат доказ за некое нивно постигнување на егзактни (индивидуални) спортски резултати, добиени од националните спортски федерации за периодот од 01.01.2021 година до 31.012.2021 и од 01.01.2022 до 31.01.2022 година и да се во согласност со календарот на натпревари на матичните национални федерации.
Бодувањето на апликациите ќе се врши согласно следните критериуми за доделување на стипендии на талентирани спортисти:
- Државно првенство, освоено индивидуално прво место (еден бод),
- Државно првенство oсвоено индивидуално второ место (0,5 бодa);
- Награда за индивидуалани постигнувања на државно првенство (три бода),
- Балканско првенство од прво до второ место (четири и три бода) и
- Репрезентативец на Македонија, да има минимум настапувано на еден натпревар и да се наведат кога, каде и со кој противник бил тој натпревар (да се достави копија од записник, билтен или друг доказ од натпреварот) (три бода).
Останатите успеси и резултати кои не се во согласност со календарот на натпревари од националните и меѓународни спортски федерации, нема да се земат предвид. Во зависност од приложените спортски успеси на талентираните ученици, рангирањето и финансиската поддршка ќе се додели како:
- За освоени до два ипол бода (2,50), стипендијата во висина од500 денари,
- За освоени три и повеќе бода, стипендијата во висина од000 денари.
Линк од оглас: https://bit.ly/3AXsD88
Локалната самоуправа, исто така објави јавен оглас за доделување на стипендии за талентирани ученици од осмо и деветто одделение, од основните училишта на своја територија. Во овој случај, основците кои ќе конкурираат на огласот, треба да имаат освоено прво, второ или трето место од областа на науката, техниката, културата или уметноста, на некој општински, градски (регионален), државен или меѓународен натпревар. Зависно од бодувањето, висината на стипендијата ќе изнесува 2.500 и 3.000 денари месечно, за четири месеци во учебната година.
За пријавување на јавниот оглас заинтересираните кандидати потребно е да ги исполнуваат следниве услови:
- Да се жители на општина Карпош,
- Да се редовни ученици во осмо или деветто одделение во општинските основни училишта од територија на општина Карпош и
- Да оствариле континуиран успех во текот на школувањето од шесто до осмо, односно деветто одделение од најмалку 4.5.
Ученикот е потребно да има освоено прво, второ или трето место од областа на науката, техниката, културата и уметноста од шесто до осмо, односно деветто одделение:
- Прво, второ или трето место на општински натпревари (три бода, два бода, еден бод),
- Прво, второ или трето место на градски (регионални) натпревари (шест бода, пет бода, четири бода),
- Прво, второ или трето место на државни натпревари (девет бода, осум бода, седум бода),
- Прво, второ или трето место на меѓународни натпревари (12 бода, 11 бода, 10 бода)
Право на разгледување имаат само дипломи за освоено прво, второ или трето место од здруженија, организации, друштва, асоцијации и сл. акредитирани од МОН, а освоените места од групни натпревари нема да бидат бодувани.
- За освоени, од девет до 12 бода, висината на стипендијата изнесува 2.500 денари, а освоени над 13 бода висината на стипендијата изнесува 3.000,00 денари.
Еден кандидат може да оствари право само на една стипендија по објавени огласи (спорт,образование, култура и др.) од општина Карпош. Доколу некој кандидат ги исполни условите за добивање на повеќе од една стипенција, ќе биде известен од службите на Општината и по сопствен избор, со потпишување на изјава, ќе се одлучи за една од стипендиите.
Линк од оглас: https://bit.ly/3AVzsqS
Општина Карпош обезбеди финансиска поддршка и парична помош за проект од областа на образованието (социо – емоционална поддршка на учениците, иновативни методи и техники во наставата, спорт и култура во образованието, како и инклузивни пристапи во образованието). На јавниот оглас кој го распиша општината, можат да учествуваат сите заинтересирани физички лица, здружанија на граѓани, претпријатија, ученици, наставници и правни лица кои се регистрирани за дејности од областа на образованието.
Линк од оглас: https://bit.ly/3gldt3d
Локалната самоуправа резервираше 400.000 денари од предвидените финансиски средства од Буџетот за 2022 година, за поддршка на проекти од областа на културата, наменети за физички и правни лица кои живеат и работат на подрачјето на локалната самоуправа. За таа намена, општината распиша јавен оглас кој се однесува на проекти кои се поврзани со издавачка дејност, фолклор, музичко – сценска и ликовно – изложбена дејност, како и глума. Во зависност од приложените документи, општина Карпош ќе ја додели висината на финансиската поддршка во рамки на своите можности, односно со фондот со кој располага.
Линк од оглас: https://bit.ly/3Lck91N
Извор: Општина Карпош