Можностите за продолжување на соработката беше цел на работната средба меѓу министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и генералниот директор на ,,Некстсенс“, Васко Кроневски.
На средбата, претставниците на компанијата накратко ги претставија своите услуги во насока на развој на дигитализацијата и дигитална трансформација на нашата држава, како и системите кои ги развиваат за домашниот и интернационалниот пазар.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација