spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Република Италија останува наш силен поддржувач и соработник во делот на...

МОН: Република Италија останува наш силен поддржувач и соработник во делот на образованието и науката

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, вчера имаше работен состанок со амбасадот на Италија во Република Северна Македонија, Андреа Силвестри и Марко Песцетели, претсавник за образование и наука од италијанската амбасада.

На состанокот се разговараше за унапредување на досегашната успешна соработка помеѓу двете земји во делот на образованието и науката, но и за можностите за поддршка и размена на искуства.

На средбата италијанскиот амбасадор Силвестри ја поздрави одлуката за повторно отворање на училиштата. Беа разменети искуства за сите нивоа на образование. Се согласивме и дека учењето на италијанскиот јазик е сé поважно, за што постои голем интерес кај учениците и студентите.

Министерот Шаќири на средбата изрази задоволство од вклученоста на амбасадата на Италија во голем број проекти од областа на образованието, а еден од нив е воспоставената билингвална паралелка за настава на македонски и на италијански јазик, во која се вклучени над 20 ученици во гимназијата „Никола Карев“ во Скопје.

Исто така министерот Шаќири се заблагодари до италијанската влада за поддршката на студентите и универзитетските професори за мобилност, размена и студиски посети, за што во наредниот период се отвора можноста за зголемување на бројот на студентски стипендии, во соработка со италијанските универзитети, за одредени студиски програми кои се дефицитарни во земјава.

Амбасадорот Силвестри  изрази подготвеност да ја зголеми поддршката со ресурси од различни форми со цел настава по италијански јазик да биде повеќе затсапена во основните и средните училишта.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте