spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Стипендии за учество на летни школи по чешки јазик (2 стипендии...

МОН: Стипендии за учество на летни школи по чешки јазик (2 стипендии во Плзењ и 2 стипендии во Брно, Република Чешка)

Амбасадата на Република Чешка во Скопје известува дека Министерството за образование, млади и телесно воспитување на Република Чешка обезбедува четири стипендии на кандидати од Република Северна Македонија за 2022 година, за учество на летни школи по чешки јазик во рамки на проектот за словенски студии, кои традиционално се одржуваат во Плзењ (2 места), од 11 до 29 јули 2022 година и Брно (2 места), од 23 јули до 20 август 2022 година.

 

Кандидатите потребно е да ги поднесат следниве документи во два примероци:

–       Пополнет формулар за учество на летната школа;

–       CV, кратка биографија;

–       Диплома за завршено високо образование;

–       За студентите: потврда дека е редовен студент на факултет;

–       Мотивационо писмо.

Стипендијата покрива школарина, сместување и исхрана во студентска кантина, а патните трошоци се на товар на самиот кандидат.

Непотполни и ненавремено доставени документи нема да се земат во предвид.

 

Пријавата, апликацијата за пријавување и потребни информации може да се најдат на:http://www.msmt.cz/eu-and-international-affairs/summer-schools-of-slavonic-studies?lang=2

Може да се пријават кандидати и вон конкурсот со сопствено финансирање.

 

Подетални информации како и апликациите можат да се најдат и на веб страницата: http://www.mzv.cz/skopje

 

Апликацијата заедно со потребните документи во два примероци треба да бидат доставени до: Министерство за образование и наука, Сектор за наука и иновации, ул. „Свети Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје, Република Северна Македонија,  најкасно до 08.03.2022 година.

 

Интервју со кандидатите ќе се одржи на 10.03.2022 година во 10:00 часот во Министерството за образование и наука, 14 кат, канцеларија 1410.

 

Лице за контакт : Гоце Видановски, Сектор за наука и иноваци,

 

E-mail: goce.vidanovski@mon.gov.mk

 III Prijava Letni skoli Ceska 2022.docx

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте