Квалитетно образование достапно и пристапно за секое дете е еден од врвните приоритети на кои Министерството за образование и наука на кое продолжуваме забрзано да работиме и во наредниот период. За оваа важна тема вчера на средба во Скопје разговараа министерот за образование и наука Јетон Шаќири и директорот на Светска банка, Масимилијано Паолучи.
На состанокот министерот Шаќири го изрази задоволството од досегашната соработка во реализацијата на заемот на 21 милион американски долари за спроведување на реформите во образованието, стратешка инвестиција на МОН која резултираше со низа активности, како што се промени во регулативата и интервенции во наставните програми, подобрување на условите во училиштата во различни региони, но и поддршка и унапредување на наставниот кадар.
Дополнително на средбата со Паолучи, министерот Шаќири ја истакна потребата од евалуација на досегашните активности и нивните ефекти. Исто така потенцираше дека од огромна важност се и шесте предлог-закони или измени на актуелни закони кои се во собраниска процедура кои треба да бидат правна основа за понатамошни чекори во рамките на програмата за реформи во основното образование.
Дигитализацијата на образованието и понатаму останува во фокусот на МОН. Министерот Шаќири истакна дека ќе даде дополнителен поттик за зголемување на капацитетите со цел подобрување на поврзаноста и компјутерската инфраструктура во училиштата, како предуслов за реализација на дигитализација на услугите и пристап до интерактивни содржини за сите ученици, особено за оние од руралните средини, со што ќе се обезбеди пристап до квалитетно образование за секој ученик. Овие измени би дале значаен придонес кон резултатите на самиот проект и на поуспешна образована реформа.