? Во завршна фаза е изградбата на детската градинка во Јосифово. Периодов, се работи на внатрешното уредување на објектот и негово целосно приспособување за почеток на воспитно образовниот процес.
Објектот е со површина од 410 метри квадратни, има капацитет за згрижување на повеќе од 60 деца, се гради по највисоки европски стандарди и го решава еден од најголемите проблеми на населеното место, на долг рок.
? Периодов, во процес на изработка е проектна документација за нова детска градинка во Пирава, како нов современ објект и трајно решение на уште еден суштествен проблем во заедницата.
? Приоритетите ги одредуваме заедно, инвестираме рамноправно и ги подобруваме состојбите во заедницата, за сите.
Извор: Општина Валандово