Цел на обуката
Целта на обукта е зголемување на свесноста за важноста на постоење и одржување на ангажираноста и мотивираноста на вработените.
Да се разбере влијанието на поголемата ангажираност врз деловните резултати на организацијата. Учесниците детално да се запознаат со методологиите за мерење и следење на ангажираноста на вработените итн. Унапредување на личните креативни вештини со цел унапредување на вештините за ефикасно одлучување и преземање лична одговорност во работењето. Запознавање со техники за јасно идентификување, формулирање и решавање ситуации и проблеми во тековното работење и друго.
Опфат –теми
- Вовед во ангажираност на работното место
- Што е ангажираност на работното место?
- Зголемување на свесноста за важноста на ангажираноста на вработените
- Лична одговорност
- Влијанието на поголемата ангажираност врз деловните резултати
- Методологии и инструменти за мерење и следење на ангажираноста
- Модел на ангажираност
- Методологии за мерење и следење на ангажираноста – Мерење на задоволството на вработените на работното место наспроти ангажираноста на работното место
- Теоретски и практичен приказ на физичко, емоционално, и когнитивно ангажирање на работното место
- Компоненти на ангажираност на работното место
- Унапредување на вештините за ефикасно одлучување и преземање лична одговорност во работењето
- Рамка за ангажираност на работното место
- Посветеност наспроти ангажираност на работното место
- Кои се ангажирани, неангажирани и активно неангажирани работници?
- Запознавање со техники за јасно идентификување, формулирање и решавање на ситуации и проблеми во тековното работење
- Стратешко усогласување на ангажираноста на работното место
- Мерење, анализа и план на активности за имплементација на вклучување на ангажираноста на работното место во културата на организацијата
- Алатки за постигнување и одржување на ангажираноста на работното место
- Модел на однос заснован на доверба
- Градење култура на ангажираност
- Друго
Целна група
Оваа обука е наменета за вработени, менаџери, раководители во мали, средни и големи компании, како и за секој кој сака да се запознае со влијанието на поголемата ангажираност врз деловните резултати на организацијата.
Методологија на работа
Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и со употреба на визуелни помагала (ЛЦД проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Онлајн-обуката се одвива преку платформа за онлајн-обуки.
Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката.
Материјали
Презентациска скрипта; формулари како обрасци; и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат во секојдневната работа, како и за управување со сопственото време. Материјалите ќе бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.
Времетраење
- При физичко присуство обуката е еднодневна. Вкупно 6 часа.
- Во целост е прилагодена за онлајн-настава и се одржува двапати неделно по 3 часа во период од 1 недела.
По завршувањето на обуката секој учесник добива Сертификат за учество.
Повеќе информации и пријавување на:
тел. 3246-041; 075 446-686