Успешноста на компанијата зависи од работната сила и од нејзината посветеност и ангажираност. Отсуството на физичко присуство ја отежнува целата работа на компанијата. Менаџирањето со работна сила од далечина претставува предизвик за секој менаџер, тим-лидер, раководител и управител. Недостатокот на синхронизација меѓу вработените и меѓу менаџерите и вработените, недостатокот на информации и/или нивно отежнато добивање, отежнатата комуникација, дефокусирањето или прекините во работата во домашни услови и други фактори, често доведуваат до бариери во комуникацијата, кои, пак, ја отежнуваат работата на сите вработени во организацијата.
Цел на обуката
Целта на обуката е стекнување вештини за лесно менаџирање со работна сила од далечина. По завршувањето на обуката, учесниците ќе можат: да применат техники и алатки како и да научат конкретни начини за надминување на предизвиците при работа од далечина; лесно да менаџираат со работната сила од далечина; да утврдат работно време и работни задачи со рокови; да воспостават редовни видео состаноци – со однапред утврдени термини и дополнителни, по потреба; да овозможат видео состаноци еден-на-еден за секој кој има потреба или доколку потребата сама по себе го налага тоа; да изградат доверба меѓу вработените; да покажат транспарентност и достапност за вработените; да употребат коучинг во услови на работа од далечина; да утврдат процедури и начини на размена на информации меѓу вработените, тим-лидерите и менаџерите, и друго.
Опфат – теми
- Вовед во менаџирање со работна сила од далечина
- Улогата на менаџерот при работа на тимовите од далечина
- Предизвици при работата од далечина – Утврдување/разбирање/прифаќање и нивно надминување
- Недостаток на надзор и поддршка „лице в лице“
- Недостаток на информации и/или отежнато добивање информации – од, до и меѓу вработените
- Социјална/физичка изолација и/или чувство на неприпаѓање
- Дефокусирање или прекини на работата во домашни услови
- Отежната комуникација
- Полиња на недоразбирање – бариери во комуникацијата
- Отпор кон промени
- Недостаток на синхронизација меѓу вработените, и меѓу менаџерите и вработените
- Нови процеси, процедури и начини на работа
- Промена на работната средина и околина
- Ограничувања при работа од далечина/менаџирање од далечина
- Очекувања и задолженија
- Мотивација на вработените во услови при работа од далечина и одржување позитивна атмосфера
- Самомотивација на менаџерот во услови при работа од далечина и одржување позитивна атмосфера
- Ангажираност на вработените во услови при работа од далечина
- Тешкотии при давање фидбек на вработените во услови при работа од далечина
- Одржување ефективни состаноци на онлајн-платформи
- Планирање и организирање во услови при работа од далечина
- Мониторинг на активности, ресурси
- Отежнато делегирање
- Стрес
- Друго
- Техники и алатки, како и конкретни начини за надминување на предизвиците при работа од далечина
- Менаџирање со работната сила од далечина
- Утврдување работно време и работни задачи, рокови
- Редовни видео состаноци – со однапред утврдени термини и дополнителни термини, по потреба
- Видео состаноци „еден-на-еден“
- Градење доверба
- Транспарентност
- Достапност
- Коучинг во услови на работа од далечина
- Организација и структура во услови на работа од далечина
- Обука
- Утврдени процедури и начини на размена на информации меѓу вработените, тим-лидерите и менаџерите
Целна група
Оваа обука е наменета за сите тим-лидери, менаџери, раководители и управители, кои во делот на своето работење или во целото работење управуваат со тимови и вработени од далечина. Исто така, наменета е и за сите оние кои сакаат да се стекнат со вештини за раководење со тимови и вработени од далечина.
Методологија на работа
Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала и од страна на учесниците (ЛЦД проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Онлајн-обуката се одвива преку платформа за онлајн-обуки.
Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката преку изготвување презентација (во Power Point) и презентирање пред групата учесници. Секој учесник ќе добие повратни информации за индивидуалната презентација.
Материјали
Презентациска скрипта; формулари како обрасци и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат при подготовка на презентациите ќе бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.
Времетраење
- При физичко присуство, обуката е дводневна. Вкупно 12 часа, 2 последователни дена по 6 часа дневно.
- Во целост е прилагодена за он-лине обука и истата се одржува 2 пати неделно по 3 часа во период од 2 недели.
По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.
Повеќе информации и пријавување на:
тел. 3246-041; 075 446-686