spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Во соработка со УНДП ги унапредуваме политиките за пост-средно образование, образование...

МОН: Во соработка со УНДП ги унапредуваме политиките за пост-средно образование, образование на возрасните и за учениците со попреченост

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денес, на средба со постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан го реафирмираше значењето на логистичката и финансиската поддршка што Република Северна Македонија ја добива за унапредување на квалитетот на образованието. Министерот потенцираше дека особено е значајна соработката во подобрувањето на образованието за ученици со посебни потреби, но и пост-средното и образованието на возрасните, како услов за стекнување на знаења и вештини согласно барањата на пазарот на трудот.

„Високо ги цениме напорите на УНДП за придонес во креирањето политики за поврзување на образованието со потребите на компаниите, со фокус на стручното образование. На денешната средба разговаравме и за придонесот во проектите за образование на учениците со посебни потреби и зголемување на можностите за инклузивното образование“, рече министерот Шаќири.

 

УНДП продолжува да биде партнер на Министерството за образование и наука во проектите кои ќе се реализираат оваа година, нагласи постојаниот претставник на УНДП Григоријан, укажувајќи дека создавањето на ефикасен и ефективен систем за пост-средно образование им овозможува на младите стекнување на потребни стручни квалификации за полесно вработување.

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Карпош: Инспекциските служби во Штип на седницата на Здружението на комунални...

0
На 22.11.2024 год.во Хотел Изгрев претставници од инспекциските служби на Општина Карпош присуствуваа на 6-та седница на Извршниот и Надзорниот одбор на Здружението на...