spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: ОБСЕ останува наш голем поддржувач во градењето образование на заедништво и...

МОН: ОБСЕ останува наш голем поддржувач во градењето образование на заедништво и меѓусебно почитување

Градење на клима на доверба меѓу учениците како и јакнење и надградување на вредностите на заедништво и взаемно почитување се заложби на Министерството за образование и наука за кои Мисијата на ОБСЕ во Репубика Северна Македонија дава силна поддршка. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири и амбасадорот Клеменс Која на денешната средба констатираа континуиран напредок на соработката во интерес на унапредување на меѓуетничките односи и соживотот.

 „Со реформите во образованието имаме за цел да создадеме училишта кои поддржуваат и иницираат активности во кои младите се поврзуваат и заеднички ги реализираат целите, без оглед на нивната етничка, верска и друга припадност. Прифаќањето на различностите како вредност, справувањето со дискриминацијата, со насилството и со нетолерантноста, се во основа на новите наставни програми и материјалите за учење, и во овие заложби имаме голема поддршка и соработка од Мисијата на ОБСЕ“, нагласи министерот Шаќири.

 

 

Амбасадорот Која укажа дека искуствата и експертизата на ОБСЕ и натаму се на распологање на Министерството, во напорите за позитивни промени во воспитно-образовниот процес. Низ процесот на образование, општеството добива граѓани кои се независни и одговорни и се идни носители на демократски процеси.

Министерот Шаќири го информираше амбасадорот Која и за другите актуелни случувања во сферата на образованието и науката, посебно осврнувајќи се на почетокот на второто полугодие во услови на  пандемија и напорите за редовно одвивање на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците.

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Карпош: ,,Водно во Карпош-Карпош на Водно“ на КЦК

0
Во организација на Креативниот центар-Карпош, денеска, во дворот на ООУ,,Вера Циривири-Трена “, се одржа завршниот настан од проектот насловен ,,Водно во Карпош-Карпош на Водно“....