Општина Илинден, согласно Законот за младинско учество и младински политики, објавува повик за членови на Иницијативен Одбор (ИО).
Во ИО може да членуваат поединци, претставници на младински организации, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои функционираат на територијата на Општина Илинден и сакаат да учествуваат во формирањето на Локалниот Младински Совет (ЛМС). Улогата на ИО е еднократна, односно телото се формира еднаш, со цел одржување на конститутивната седница на Локалното собрание за млади, кое потоа го бира Локалниот Младински Совет.
Ги повикуваме сите млади (15-29г. возраст), кои сакаат активно да учествуваат во креирањето политики на локално ниво и кои сакаат да придонесат кон подобра застапеност и услови за младите, да аплицираат на овој повик.
Повикот е отворен до 01.03.2022, а вашите Биографии можете да ги испратите на е-маилот на Општина Илинден, ilinden@ilinden.gov.mk со насловот “Апликација за Иницијативен Одбор”.
Ве очекуваме!
Извор: Општина Илинден