spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Подобри услови за жените - Претприемачи

Карпош: Подобри услови за жените – Претприемачи

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, вчера во својот кабинет одржа информативен состанок со претседателката на Националната платформа за женско претприемништво, Валентина Дисоска.

Во текот на работната средба, првиот човек на општината подетално се запозна со долгорочните цели и планирањето на претстојните активности, кон кои се стремат претставничките на оваа платформа.

 

 

По тој повод, Јакимовски ја потпиша и Декларацијата за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво, која треба да резултира со економско и социјално јакнење, во рамки на локалната самоуправа и целокупното општество.Инаку, Националната платформа за женско претприемништво (НПЖП) е воспоставена преку проект кој е кофинансиран од ЕУ, а го спроведува Здружението на бизнис жени, во партнерство со Сојузот на стопански комори на Македонија, Националната федерација на фармери и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР).

 

 

Од здружението напоменуваат дека нивните заложби се насочени кон обезбедување на системска поддршка за развој на женското претприемништво, преку креирање на инфраструктура за негова поддршка и развој. Од особена важност за нив е зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за женско претприемништво, со цел, креирање на политики, застапување и соработка со националните и локалните власти, како и формирање на локални клубови за женско претприемништво.

 

 

 

Извор: Општина Карпош

Прочитајте