spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Министерот Сали го посети Ковид центарот во болницата во Кавадарци

МЗ: Министерот Сали го посети Ковид центарот во болницата во Кавадарци

Посакувајќи им побрзо закрепнување на хоспитализираните пациенти, министерот за здравство, Беким Сали го посети Ковид центарот во болницата во Кавадарци.

-Здравствените работници во овој, како и во останатите ковид центри го вложуваат својот максимум за да им помогнат и соодветно да ги згрижат болните.

Заедно со нив уште еднаш испраќаме апел за важноста на вакцинацијата, која е од несомнено големо значење во намалувањето на последиците од вирусот и заштита на здравјето на населението.

Единствено со зголемен опфат на вакцинација, како и со почитување на мерките за заштита и превенција ќе се избориме со ковид пандемијата, посочи министерот Сали.

 

 

 

 

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте

МЖСПП: Меџити оствари средба со министерот за животна средина на Република...

0
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска одржа важна средба со министерот за животна средина, просторно планирање и...