spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Министерот Сали се сретна со Јапонскиот амбасадор, Савада

МЗ: Министерот Сали се сретна со Јапонскиот амбасадор, Савада

Со јапонскиот амбасадор, неговата екселенција Хиронори Савада на вчерашната средба ја потврдивме досегашната одлична соработка и договоривме нејзино продлабочување.

За нашата држава поддршката на јапонскиот народ е од огромна важност, посебно во овие моменти кога се соочуваме со пандемијата на ковид 19 вирусот, а за оваа намена во тек е реализација на грант како помош за справување во пандемијата со ковид во износ од над 800 000 евра за набавка на медицинска опрема за Инфективната клиника и КАРИЛ, а предвидена е и реконструкција на одделот за радиотерапија на Клиниката за онкологија.

Преку Јапонската агенција за меѓународна соработка(JICA) се обезбедува и нов мобилен ангиограф за потребите на службата за интервентна кардиологија и радиологија ќе добие Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, во вредност од 100. 886 евра.

Во рамки на програмата за мали проекти (GSP) исто така се реализираат и неколку договори за проекти со болници низ државата и секоја година се овозможува помош за јавни здравствени институции.

Покрај континуираната помош за зајакнување во опрема, се овозможуваат и едукативни обуки на теми од интерес за нашето здравство.

 

 

 

 

Извор: Министерство за здравство 

Прочитајте

МЖСПП: Меџити оствари средба со министерот за животна средина на Република...

0
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска одржа важна средба со министерот за животна средина, просторно планирање и...