spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Нов мобилен мамограф во Здравствениот дом Неготино

МЗ: Нов мобилен мамограф во Здравствениот дом Неготино

Министерот за здравство, Беким Сали, заедно со амбасадорот на Р. Бугарија во земјава, Ангел Ангелов  присуствуваа на примопредавање на нов мобилен мамограф, чија вредност изнесува 140 илјади евра.

-Со ставањето во функција на мобилниот мамограф ја приближуваме оваа дијагностичка процедура до жените и во помалите населени места, бидејќи навременото дијагностицирање канцер на дојка спасува живот. Воедно преземаме активности за намалување на времето на чекање за прегледи и воведување дополнителни термини за мамографија и ехо на дојка. Зедно со докторите, здравствените установи и невладиниот сектор и во наредниот период продолжуваме со систематско решавање на пристапот до нова иновативна терапија која може да спаси живот на многу пациентки, посочи министерот Сали.

Предноста на овој мамограф е што е пренослив и согласно потребите ќе биде ставен на располагање за жените и од други помали населени места.

 

 

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски...

0
Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари,...