Во текот на вчерашниот ден екипи на Град Скопје и на ЈП Улици и патишта извршија санација на крупните оштетувања на коловозите на улицата Димитрија Чуповски и на булеварот Партизански одреди.
На пешачкиот премин на булеварот Александар Македонски, кај бензиска станица Макпетрол, вчера беше поставен семафор, на раскрсницата на булеварот Босна и Херцеговина со улицата Лазар Трповски извршена е подготовка за семафорска инсталација, а на повеќе улици и булевари во општина Бутел, Карпош и Кисела Вода се поставуваше вертикална сигнализација.
Екипите на ЈП Улици и патишта секојдневно ги детектираат и ги санираат оштетувањата на коловозите на булеварите и на улиците низ градот, но и вршат замена или поставуваат дополнителна сообраќајна сигнализација којашто ќе ја зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Извор: Град Скопје