Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити вчера одржа работен состанок со претседателот на УПОЗ Трпе Деаноски, Генералниот секретар Бојан Трипуноски и членовите на извршниот одбор Александар Диље и Зоран Георгиевски.
Состанокот се одвиваше во добра и конструктивна атмосфера, при што министерот изрази подготвеност да се работи во насока на подобрување на животот и работата на вработените и меѓусебна соработка за решавање на сите прашања.
Меѓу темите на разговор беа минималната плата и други прашања од интерес на присутните, вклучувајќи го и Гранскиот колективен договор.
Во таа смисла, беше искажана согласност да се работи на новиот Грански колективен договор преку формирање на работни групи и одржување редовни консултации.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација