spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииМладите политичари мора да создадат нова култура на конструктивен дијалог

Младите политичари мора да создадат нова култура на конструктивен дијалог

Ние сме млади политичари, и како што велат повозрасните светот на нас ќе ни остане. Токму затоа се бориме да се слушне нашиот глас, да учествуваме во носењето на одлуки за подобрување на животот на сите млади во државата. Само така можеме да одиме напред, порача претседателот на СДММ Марко Михаилоски, во дебатната емисија на ТВ Клан.

Тој истакна дека младите политичари мора да работат на тоа да ја сменат перцепцијата за тоа што е политичар и да бидат одговорни пред предизвиците на новото време.

Ние можеме и сакаме како генерација млади политичари да создадеме нова култура на дијалог, конструктивна дебата меѓу младите од сите партии од која ќе произлезат квалитетни предлози и идеи за унапредување на животот и стандардот на граѓаните, истакна Михаиловски, додавајќи дека младите од сите партии мора да продолжат да се залагаат нивната застапеност во партиските органи да биде уште поголема.

Застапеноста на младите во Централниот одбор на СДСМ е 37,5 проценти, што е значително повеќе во однос на другите политички партии во Северна Македонија. Една третина од ИО се млади луѓе, значи активно учествуваме во донесувањето на одлуките, рече Михаилоски, додавајќи дека на предлог на СДММ се креирани повеќе политики и мерки за подобрување на животниот стандард на младите во државата.

Во врска со предизвиците со кои се соочуваат младите во државата, Михаилоски рече дека по иницијатива на СДММ реализирани се бројни важни проекти за младите и нагласи дека во изминатиот период младинската невработеност е значително намалена, благодарение на Младинската гаранција на неповратната помош од 20.000 евра за млади земјоделци за да останат во своите родни места, на поддршката за стартапи и иновации.

Младите ќе сакаат да останат дома овде да градат иднина и кариера, не само со унапредување на економскиот стандард, туку и со обезбедување на европски стандарди во дома, враќање на довербата во институциите, во судството, со ефикасна борба против корупцијата, со заштита на правата на граѓаните, квалитетно образование, недискриминација, толеранција, меѓусебно почитување, но и почитување на законите, еднакви шанси за сите, родова еднаквост, заштита на животната средина, тоа се европски вредности, кои сите сакаме да ги имаме, порача претседателот на СДММ Марко Михаиловски.

 

 

Извор:  СДСМ

Прочитајте