spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Учество на ЗМНР ИСАКИ на настанот високо ниво за Обновениот ОБСЕ...

МНР: Учество на ЗМНР ИСАКИ на настанот високо ниво за Обновениот ОБСЕ Дијалог за европската безбедност

На 8 февруари 2022 година во Виена се одржа состанок на високо ниво за инаугурација на обновениот дијалог за европската безбедност во рамки на ОБСЕ. Овој процес е на иницијатива на полското претседавање со ОБСЕ во 2022 година, а на состанокот во видео формат учествуаше заменик министерката за надворешни работи на Република Северна Македонија ФатмиреИсаки.

Во нејзиното обраќање, ЗМНР Исаки се осврна на предизвиците и ризиците со кои се соочува регионот на ОБСЕ, на климата на недовeрба,  и на итната потребата од зајакнување на мерките за безбедност и соработка. Во тој контекст, таа повика на активен дијалог и конструктивен пристап проследен со целосно и конзистентно почитување на принципите на ОБСЕ како модел за намалување на постоечките разлики и поделби.

ОБСЕ, посочи ЗМНР Исаки, ги има на располагање најсоодветните механизми и алатки за нужниот исчекор и подобри перспективи за безбедноста и соработката во Европа. Конечно, ЗМНР Исаки истакна дека дијалогот е истовремено и извор и средство за позитивни решенија и упати на нашата подготвеност за активен ангажман како член на ОБСЕ Тројката и како земја учесничка, доследен поддржувач на приниципите и заложбите на организацијата.

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

Аеродром: Едукативна забава „Рециклирај, донирај, подобри“

0
Денеска во основното училиште „Александар Македонски“ под мотото „Рециклирај, донирај, подобри“ се одржа едукативна забава со цел да се мотивираат и анимираат учениците за активно учество и...