Претседателот на Унија на млади сили, Сергеј Попов за „Клан дебата“ на ТВ Клан вели дека унијата со која моментално раководи е расадник на успешни кадри и истото може да се види од последните локални избори, каде што најголемиот дел од градоначалниците кои што убедливо победиле, особено тие во Скопје произлегле од УМС.
„На претходните локални избори, како Унија на млади сили имавме над 350 кандидати на советничките листи, најголемиот дел од градоначалниците кои победија на тие локални избори убедливо, се млади луѓе. Сите градоначалници во Градот Скопје се млади луѓе кои потекнуваат и во минатото функционирале во Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Попов.
Попов истакна дека тие како подмладок на ВМРО-ДПМНЕ имаат соработка со останатите подлабоци на другите политички партии, како што е примерот кога се изготвуваше Законот за младинско учество, но дека сепак тоа не е доволно, туку дека е потребна и апелираше на уште поголема соработка.
Во врска со застапеноста на младите лица во ВМРО-ДПМНЕ тој истакна дека застапени се во сите партиски тела на партијата, како во Извшниот комитет така и во Централниот комитет и во општински организации и во месните комитети, но и во носењето одлуки.
Попов воедно запраша што прави подмладокот на СДСМ и зошто не ги застапува младите и не се бори за подобар младински стандард.
„Јас би ги запрашал, што прават тие на тие состаноци? Да една третина се, но дали кога седиме таму прашуваме зошто сеуште немаме во државата четири студентски градови, зошто младинскиот стандард е на тоа ниво, зошто младинската невработеност се уште е на рекордни 34%, зошто државниот студенски центар, наместо да се грижи за условите во студентските домови и студентите да немораат секојдневно да преговараат, буквално, за топла вода, за подобар и подостоинствен оброк, за подобро парно греење за да немораат да носат дополнителни грејни тела и така натаму. Што навистина прават и дали овие прашања на партиските состаноци ги поставуваат и што добиваат како одговор“, запраша Попов.
Додаде дека, ние имаме пет години власт на политичката партија СДСМ и дека има стагнација и ништо не е реализирано за младите во Македонија.
Извор: ВМРО ДПМНЕ