spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕСпоред СДСМ Гоце Делчев не е најголем македонски син, затоа денес избегаа...

Според СДСМ Гоце Делчев не е најголем македонски син, затоа денес избегаа од дебата за Декларацијата во Собрание

Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка во ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија на телевизија 24 истакна дека сите политички чинители во Македонија треба да се сплотат околу името на апостолот на македонското револуционерно дело затоа што треба да му се положи чест, углед и достоинство. Затоа што државата се потпира на тоа.

„Таа држава што сме ја изградиле се потпира на револуционерното дело на Гоце Делчев“, појасни Андоновски.

„Јас сметам дека Гоце Делчев е најголемиот македонски син, апостол и револуционер. Гоце Делчев заслужува многу работи, но најмногу заслужува да оваа Декларација во Собранието ја поддржиме. Затоа што Декларацијата го слави името на Гоце Делчев“, истакна Андоновски.

Андоновски дпосочи дека Декларацијата повикува на европското наследство и европската кулртурна вредност која што ја пропагирал и Гоце Делчев. Декларацијата повикува на славење на Гоце Делчев во МАНУ, Институтот за национална историја итн.

„Оваа година не се слави, замислете Влада не организираше официјално положување на свежо цвеќе на Гоце Делчев. Никој не беше поканет. Тоа беше кој како одлучи лично да присуствува за разлика од сите други настани кои што ги организира Владата“, појасни Андоновски.

Андоновски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ги исцрта македонските национални црвени линии со Резолуцијата која што беше предложена во македонското Собрание и имаше доблест СДСМ да ја прифати. И тоа начинот на покажување на став на ВМРО-ДПМНЕ.

„Но ми се допаѓа што јавно од СДСМ кажуваат дека се против Декларацијата за Гоце Делчев, затоа што во Собранието избегаа денеска од дебата. Наместо да се дебатира и таму да кажат ние сме против заради ова, не чини во Декларацијата оваа реченица, ова треба да се промени, Гоце Делчев не е најголем македонски син, тие побегнаа. Но, добро е што вечерва тоа го признаваат“, појасни Андоновски.

Андоновски рече дека СДСМ денес ја напушти седницата за да се дебатира околу Декларацијата за Гоце Делчев.

„Ставот на СДСМ од вечерва ми е јасен, тие не сметаат дека Гоце Делчев заслужува ваков третман, дека се подготвени да кажат дека не администрирале Бугарите, а не не окупирале. И ова е барем признавање“, укажа Андоновски.

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте