spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаУсогласувањето на пензиите го продлабочува социјалниот јаз особено во услови на пандемија...

Усогласувањето на пензиите го продлабочува социјалниот јаз особено во услови на пандемија и инфлација

Министерството за труд и социјална политика најави јануарско покачување на пензиите од 2,9%, според процентот на порастот на индексот на трошоците на живот.

Согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, пензиите се усогласуваат на 1 јануари и 1 јули секоја година, според процентот на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие, во однос на полугодието кое му претходи објавени од Државниот завод за статистика.

Но, ова пресликано во еден пластичен пример би значело дека пензионер кој прима пензија во висина од 15.000 денари ќе добие покачување во висина од 435 денари. Додека пенизонер чија пензија изнесувала 35.000 денари, ќе добие покачување во висина од 1.015 денари. Исто така, во случај кога има пораст на минималната плата во тековната година за повеќе од 15% и пораст на просечна плата во претходната година за повеќе од 5%, покрај усогласувањата според процентот на пораст на индекс на трошоци за живот, може да се изврши дополнително усогласување на пензиите во процент не повисок од порастот на просечната плата во претходната година.

Овој начин на усогласување на пензиите ги става во понеповолна положба пензионерите со пониски пензии, иако покачувањата на цените на прехрамбените производи, струјата како и многу други стоки и услуги е подеднаква за сите. Ова наведува на фактот дека се потребни драстични измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување во овој дел.

За споредба, Словенија се врши усогласување на пензиите на 1 јануари секоја година, со процент од пораст на платите за 60 проценти и пораст на индексот на трошоците за живот за 40 проценти, остварен во претходната година. Покрај ова усогласување, во Словенија се врши и еднократно усогласување на пензиите, таканаречено летно зголемување на пензиите, и тоа со примена на дегресивна скала, односно на помалите пензии им се додава повисок износ на додаток.

Со процентуалните покачувања на пензиите, единствено се продлабочува нееднаквоста и се создава дополнително раслојување, наместо да се намали социјалната нееднаквост.

 

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...