spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕВласта кукавички бега од укинување на пржинската влада

Власта кукавички бега од укинување на пржинската влада

Почитувани,

Денес, СДСМ гласаше против укинувањето на таканаречената Пржинска влада и повторно го покажа на дело своето лицемерие.

Иако во јавноста се изјаснуваа дека се согласуваат за укинување на Пржинската влада, денес на еден кукавички начин повторно избегаа од избори.

Ние сме свесни дека ќе СДСМ направи се за што подолго да остане на власт бидејќи знаат дека на наредните парламентарни избори ќе бидат казнети од граѓаните за своите штетни политики.

Денес, СДСМ покажаа дека се се плашат од парламентарни избори и со одбивањето за укинувањето на Пржинската влада се обидуваат да избегаат од одговорност за сите штетни политики и криминали со кои ја доведоа државата на дното и сериозно го нарушија нејзиниот меѓународен углед.

Сакаме да им порачаме на СДСМ дека предвремените парламентарни избори се единствениот излез од оваа агонија во која ги доведоа македонските граѓани и конечно да престанат да нанесуваат штети што оставаат катастрофални последици бидејќи Република Македонија и нејзините граѓани се поважни од нивните функции, криминали и тендери.

 

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ 

Прочитајте