Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 13.854 субјекти исплати над 575 милиони денари. Станува збор за исплата на апликантите кои правно законски ги исполниле условите за добивање на финансиска поддршка по мерката „директни плаќања по обработлива земјоделска површина за оддржување на постоечки лозови насади“.
Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски информира дека средствата кон лозарите се исплаќаат пред празникот „Свети Трифун“ кога и официјално почнуваат теренските активности и подготовката за производство на новата реколта на домашно произведено грозје и вино.
„ Како и сите години претходно така и оваа, средствата за лозарите ги исплаќаме во време кога лозарите имаат најмногу активности за подготовка на насадите за новата реколта. На тој начин, правиме се за да ги ублажиме трошоците што лозарите ги имаат за да произведат квалитетно трпезно грозје, како и суровина за производство на квалитетно вино или ракија. Преку креирање на мерки и програми Агенцијата, Владата и МЗШВ ќе продолжат да создаваат поволни услови за раст и развој на секторот земјоделство.“ – истакна Бачовски.
Агенцијата како и досега ќе продолжи со праксата на неселективна исплата на субвенции за сите кои правно – законски ги исполниле условите за добивање на финансиска поддршка.
Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој