spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Средба со претставници од општина Ново Село и општина Берово

МЖСПП: Средба со претставници од општина Ново Село и општина Берово

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска оствари работна средба со градоначалникот на општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов и со претставник од општина Берово, со кои разговараше за состојбата со животната средина и зајакнување на административните капацитети во општините, како и за продлабочување на соработката на овие две општини со Министерството за животна средина и просторно планирање.

 

Градоначалникот Божинов информираше дека според последната систематизација на работните места во општина Ново Село, предвидено е Одделение за комунални работи и животна средина, со три работни места во областа на заштита на животната средина. Претставникот од општина Берово соопшти дека во Берово има обучен кадар кој работи на проблематиката со животната средина и овластен инспектор за животна средина.

Zamenik_Odzaklieska

На состанокот, заменик министерката Оџаклиеска изрази задоволство што гледа напредок во општинските администрации чија дејност е заштитата на животната средина и истакна дека и оваа година Министерството ќе продолжи да одржува обуки од различни теми во областа, кои се од интерес за единиците на локалната самоуправа, а се во насока на подобро спроведување на законската регулатива во оваа област.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...