spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВелес: Посета на градоначалникот Колев во село Црквино

Велес: Посета на градоначалникот Колев во село Црквино

Градоначалникот на Општина Велес, г-дин Марко Колев беше во посета на Подрачното основно училиште „Св.Кирил и Методиј“ во с.Црквино каде направи увид на училишната зграда која поради долгогодишната запоставеност од страна на надлежните е во лоша состојба. Воедно им соопшти дека со општинските служби се изнајде решение за нивниот долгогодишен проблем – проширување на зградата со изградба на внатрешни тоалети. Во рамки на надлежностите на Општината ќе се отпочне процедура за подготовка на процесот.

Во текот на посетата мештаните го запознаа Градоначалникот и со останатите инфраструктурни проблеми со кои се соочуваат. Општина Велес заедно со Градоначалникот остануваат посветени на целта за подобрување на условите за живот на сите жители на Општината.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Велес 

 

Прочитајте

Карпош: Трибина за ЖЕНСКОТО ЗДРАВЈЕ

0
Во четврток (24.10.2024) , во амфитеатарот на УТМС, во 19 часот, ќе се одржи „Трибина за женско здравје“ со д-р Катерина Станкова Нинова. На...