spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Имплементација на проекти кои ќе овозможат нови инвестиции

Битола: Имплементација на проекти кои ќе овозможат нови инвестиции

Економскиот развој на општината е директно поврзан со условите кои ги создава локалната самоуправа од урбанистички и инфраструктурен аспект со цел создавање можности за нови инвестиции и отворање на нови работни места.

Поаѓајќи од ваквиот програмски приоритет, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, покрај работата на донесување нов генерален урбанистички план и подготовката за реконструкција на 23 улици во новата градежна сезона, редовно остварува контакт и со бизнис секторот, со цел овозможување подобри услови за домашните инвеститори, но и привлекување на странски инвестиции во општината.

Неопходноста од брзо спроведување на започнатите проекти, беше потврдена и при посетата на градоначалникот Коњановски на ДОО Цермат Битола. Директорот на фабриката, Зоран Ристевски, го информираше градоначалникот, дека веднаш по донесувањето на новиот ГУП, како и потребниот детален урбанистички план, ќе бидат создадени можности за реализација на новата инвестиција на овој домашен бизнисмен и изградба на нова фабрика за сладолед и замрзнати десерти. Инвестицијата во вредност од 14.350.000 евра, планирано е да се реализира во две фази, а во планирањето и изградбата ќе бидат вклучени европски експерти за екологија. Проектот на ДОО Цермат Битола за оваа инвестиција е одобрен и поддршан од Европската банка за обнова и развој, а неговото спроведување во делот на енергетската ефикасност и заштитата на животната средина, предвидува изградба на пречистителна станица и своја енергетска постројка која ќе работи на природен гас. Емисијата на СО2 ќе се намали со додатна инвестиција во фотоволтаици од 2,5 мегават часа.

Токму во оваа насока, новиот генерален урбанистички план на општина Битола, согласно законската регулатива ќе овозможи делување според реалните потреби на градот од аспект на планирање на намени на површини, сообраќајна и друга инфраструктура, планирање на мерки за заштита на природното наследство и животната средина, заштита на природата, озеленување на населбите и други мерки за остварување на целите на планирањето. На овој начин, ќе се елиминираат долгогодишните маки на инвеститорите, кои и покрај финансиската и проектната подготвеност, неможат да ги реализираат своите инвестиции.

 

 

 

 

Извор: Општина Битола 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...