spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииСрамно е ВМРО-ДПМНЕ да поднесува Закон по скратена постапка, а да блокира...

Срамно е ВМРО-ДПМНЕ да поднесува Закон по скратена постапка, а да блокира ист таков Закон за поголеми плати на сите наставници

Одговори на новинарски прашања

Одговор: Навистина е срамно ВМРО-ДПМНЕ сега да поднесува Закон во скратена постапка којшто се однесува на зголемување на платите односно во еден дел се поклопува со законското решение коешто една година е заглавено во Собранието. Тој Закон којшто е поднесен пред една година ВМРО-ДПМНЕ не дозволува да го види светлото на денот односно не дозволуваат покрај изгласан дневен ред да се отпочне со точката. И вие сте сведоци и знаете дека завршува секој обид со безбројни процедурални. Тој Закон е квалитетно законско решение којшто овозможува трансформација во работен однос на наставници и стручни соработници, професионалци коишто после повеќе години, некои од нив и десетина години, конечно треба да им биде решен статусот, тоа се професионалци и секако да се овозможи зголемување на платата. Само еден пример, ова се некаде околу 4.700 луѓе во прашање кои со години работат некои од нив дури и по десетина години, па поставувам прашање која е оправданоста за блокирање на овој закон и недозволување на трансформација на нивниот работен однос, да бидат во редовен работен однос и да можат да ги имаат сите права како секој вработен? Тоа е нешто што е недозволиво и граѓаните и јавноста точно знаат кои се обидите и што се обидува ВМРО-ДПМНЕ да направи.

Прашање: Тоа значи нема да го поддржите нивното законско решение?

Одговор: – Апсолутно, нема зошто да го поддржиме. Прво тоа не е целосно решение и ние веќе како што кажав имаме година дена законско квалитетно решение кое што трајно ќе го реши статусот на преку 4.700 луѓе професионалци.

 

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

Митева: Целта на Влада е да го трансформира македонското општество во...

0
Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Денешната прес-конференција е посветена на развојната компонента на предлог буџетот во делот на дигитализацијата. Нашата цел како Влада е да го...