spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕКовачевски да не бега и неговите пратеници да поддржат покачување на пензиите,...

Ковачевски да не бега и неговите пратеници да поддржат покачување на пензиите, а тој наместо наспроти народот да биде со народот

Ковачевски да не бега и неговите пратеници да поддржат покачување на пензиите, а тој наместо наспроти народот да биде со народот.

Очекуваме пратениците на СДСМ да поддржат покачување на пензиите кое ВМРО-ДПМНЕ го предлага. Со тоа ќе се избегне пензионерите да ги почувствуваат негативните ефекти од кризата и нема да трпи нивниот стандард.

Во однос на ставот на Ковачевски за новите градоначалници, можеме да кажеме дека тој треба да се огледа во нив и нивната работа, тоа е пример како се работи. Тоа што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ го имаат направено за 100 дена, тие од СДСМ претходно го немаа направено за 4 години.

СДСМ и ДУИ имаат градоначалници во дваесетина општини. Ако се прашувате зошто немаат направено ниту еден отчет, тоа е затоа што немаат со што да се пофалат.

Односот на Ковачевски кон повикот на претседателот Мицкоски за обединување покажува само дека тој не ја има Македонија на прво место, и дека неговата политичка кариера или други причини му се на прв план.

Ковачевски оди наспроти народот, и тоа народот го гледа. Сепак му упатуваме апел на Ковачевски дека македонските црвени линии мора да се почитуваат, бидејќи тие се потврдени и со Декларацијата изгласана во Собранието.

Иако го претпоставувавме ваквиот однос на Ковачевски, сепак сега со оваа негова изјава денес сите можат да видат дека станува збор за политичар на кого македонските интереси не му се на прво место.

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ 

Прочитајте

Велес: Награди за најдобрите ученици од основните и средните училишта

0
Општина Велес ги награди најдобрите ученици од основните и средните училишта во градот. За освоено прво, второ и трето место на државни, меѓународни и...