spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСредба на Заменик претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ со...

Средба на Заменик претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ со евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир

Вицепремиерот за европски прашања Маричиќ и евроамбасадорот Гир разговараа за идните чекори и активности на Секретаријатот за европски прашања за подготовка и зајакнување на преговарачките тела, како и за обезбедување ефективно и ефикасно користење на средствата од ИПА фондовите.

Периодот којшто претстои ќе биде важен за секторските работни групи во рамките на ИПА 2 фондовите, кои ќе се фокусираат на стратешкото планирање и реализација на поставените цели на Владата. Максимален фокус ќе се даде на реформите во рамките на дефинираните сектори, со цел побрза синхронизација со стандардите на ЕУ.
Вицепремиерот Маричиќ го истакна задоволството од препознавањето на напредокот во реформите од страна на Унијата и според него тоа е силна мотивација за да се продолжи со фокусирана посветеност на спроведување на препораките на Унијата, но и дека Владата е целосно подготвена и го има потребниот капацитет да ги спроведе и новите задачи кои ги очекува од Брисел.
На крај вицепремиерот Маричиќ се заблагодари за поддршката која земјата ја добива од Европската Унија во процесот на планирање и имплементација на проектите кои се поддржани преку ИПА фондовите. Воедно тој го потенцира значењето за Република Северна Македонија во овој период да покаже уште поголем напредок кон започнувањето на преговорите со Европска Унија и потребата сите институции во државата да придонесат кон овој процес.

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...