spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаВладата предвиде буџет за справување со кризата, општините треба да го дадат...

Владата предвиде буџет за справување со кризата, општините треба да го дадат својот придонес

„Кога се работи и живее во време на криза, сите чинители треба да придонесат со своето работење и однесување, а се со цел надминување на предизвиците од истата”, посочи денеска премиерот Ковачевски во изјава за медиуми.

„Кога се правеше буџетот на Република Северна Македонија, во него се предвиди ставка за справување со кризата. Јас сметам дека тоа требаше да го направат и општините“, истакна премиерот Ковачевски.

Во изјавата, премиерот Ковачевски го посочи примерот на топлификацијата во Скопје, комунална услуга која што градот Скопје ја обезбедува за граѓаните, каде Владата му посочи на Градот дека со 500.000 евра учество ќе можеше да придонесе во непречено снабдување на граѓаните со топлинска енергија. По одбивањето на градот Скопје да придонесе, Владата го прифати целиот терет и овозможи непречено снабдување со топлинска енергија.

Премиерот Ковачевски истакна дека општините како и Владата треба да бидат одговорни, како во намалувањето на тековните трошоци така и во зголемувањето на трошоците кои се однесуваат во справувањето со енергетската криза. Најпрво, општините треба да донесат планови во кои што е содржано и планирано справувањето со енергетска криза, а притоа да е предвидено намалување на ставки кои што не се неопходни во овој период.

Дополнително, премиерот Ковачевски истакна дека доколку општините го зголемат своето оперативно работење, особено во делот на собирањето на даноците кои се исклучиво во надлежност на општините, (во моментов се собираат само 47 проценти од даноците како изворни приходи на општините), тогаш Владата ќе е апсолутно заинтересирана да помогне.

Со цел да не се почувствува ценовниот шок, државата веќе субвенционира електрична енергија, за сите граѓани кои што живеат во сите општини во земјата. Сите страни треба да го дадат својот придонес за справување со кризата”, заклучи премиерот Ковачевски во изјавата.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...