spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииДа не беа блокадите на ВМРО-ДПМНЕ платите на работниците веќе ќе беа...

Да не беа блокадите на ВМРО-ДПМНЕ платите на работниците веќе ќе беа зголемени

Тоа што го прави ВМРО-ДПМНЕ во последниот период, последната недела две е чисто лицемерие и фаќање приклучок кон процесите коишто ссе одвуваат во државата. Ако вратиме назад можеме да забележиме дека ВМРО-ДПМНЕ беше и против зголемување на минималната плата со образложение дека тоа ќе значело отпуштање на вработени или останување на луѓето на улица без работа. Кога видоа дека и со зголемена плата бројот на невработени се намалува во нашата држава, веќе фаќаат приклучок и тие во последниот период ја поддржуваат минималната плата, наводно ја поддржуваат.

Во врска со платите на наставниците и стручните соработници во основно и во средно образование тоа што го прави ВМРО-ДПМНЕ уштее еднаш потенцирам дека е чисто лицемерие, чиста дволичност. Една година блокираат Закон во Собрание со кој платите на наставниците и во основно и во средно образование ќе бидат усогласени со порастот на минималната плата.

Десет месеци тоа што го прават, десет месеци што ја блокираат работата на Комисијата за образование ќе значеше повисока плата и во овој период за наставниците, со порастот сега на минималната плата таа дополнително ќе се зголемува. Сега ВМРО-ДПМНЕ за да фати некаков наводен приклучок пушта нивни предлог Закон со мала измена, мислам дека таа измена или се надевам дека е таа измена заради измена да направат некаква разлика а ако не е така тогаш уште еднаш покажуваат дека тие не излегле од онаа стара матрица да ги држат вработените во образование, наставниците и во основно и во средно образование под притисок на партијата, односно како што ги и користеле и во минатото за партиски протести, контра протести да ги користат и денес.

Инаку Законот предвидува наставниците којшто засноваат и прв пат работен однос во училиштата тоа да може да го направат на неопределено време.

Третата работа којашто сакам да ја споменам тоа е наводната нивна грижа за зголемување на пензиите, кога во јавноста се отвара темата пензии. Кога Владата економскиот сектор во Владата економските министри работат со Фондот за пензиско осигурување, работат со сите засегнати страни, кога се отвара и кога се е јасно и кога се знае дека пензиите ќе растат тие денес покажуваат некаква наводна грижа и пуштаат предлог за покачување на пензиите.

Очекувам дека тоа ќе го прават и во следниот период со други законски решенија, но уште еднаш ќе го покажат новното лиицемерие и нивната дволичност.

Одговор на новинарско прашање: Вчера имаше изјави и од Владата во процес на разговори се, прессметките се прават пензиите ќе бидат зголемени, во најскоро време ќе излеземе со точните прессметки ќе кажеме колкаво ќе биде тоа зголемување.

Кога веќе се споменуваат и цените и порастот на цените, посебно на енергенсите тоа што не зависи од нас како држава и во делот на електричната енергија меѓутоа и во делот на горивата, го следиме и растот на потрошувачката кошница.

Ако земе да вратиме назад на пример во претходниот период или во периодот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ за покривање на потрошувачка кошница или ссиндикална кошница на едно четиричлено просечно македонско домаќинство беа потребни четири ипол минимални плати, денес веќе доаѓаме дека со две минимални плати се покрива синдикалната кошнива. Во таа намера и во таа насока ќе продолжи покачувањето на пензиите затоа што сите треба да бидеме солидарни, да излеземе во пререт на граѓаните да ја пребродат оваа економски наметната криза од надвор.

 

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте