spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Министерот Алити на средба со директорката на канцеларијата на „Оракл" (Oracle)...

МИОА: Министерот Алити на средба со директорката на канцеларијата на „Оракл” (Oracle) за РСМ, една од најголемите ИТ компании во светот

Во рамки на заложбите за дигитална трансформација на општеството и модернизирање на администрацијата како ефективен сервис на граѓаните, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити денеска се сретна со Мери Кучера Илиевска- директор на канцеларијата на Oracle во РСМ и Бојан Садиковиќ, директор на продажба за регионот.

 

На средбата се разговараше за досегашната и идна соработка и проектите поврзани со дигиталните решенија, меѓу другото и во однос на Cloud платформата. Соговорниците се согласија дека системските информатички решенија играат важна улога во ефикасното функционирање на јавниот сектор.

Министерот Алити ја истакна посветеноста кон процесот на дигитализација и иновации, за развој на информатичкото општество, со оглед на тоа што реформата на јавната администрација и дигитализацијата се процеси што ја одредуваат европската иднина на земјата.

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте