spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Османи средба со Мартин Викерс, специјален пратеник за трговија со Западен...

МНР: Османи средба со Мартин Викерс, специјален пратеник за трговија со Западен Балкан на Обединетото Кралство

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска оствари средба со специјалниот претставник на Премиерот на Обединетото Кралство за трговија со Западен Балкан, Мартин Викерс. На средбата Министерот Османи ја поздрави континуираната поддршка која Република Северна Македонија ја добива од Обединетото Кралство, која е втор најголем економски партнер на нашата земја и главен странски инвеститор, а исто така е една од првите држави која низ долги децении инвестира во зголемување на безбедноста и политичката стабилност во овој дел од Балканот.

Османи се осврна на исклучителната соработка на економски план помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија,додека личната заложба на Викерс преку неговиот ангажман и посети кои ги реализира во регионот, ќе бидат движечката сила за понатамошното продлабочување на соработката помеѓу двете земји во насока на унапредување на големи проекти не само во Северна Македонија туку и во регионот како што е патната и железничкото поврзување, потоа проекти за обновлива енергија, потенцирајќи го значењето на зелената агенда во билатералната соработка го потенцираше интересот за инвестирање во полето на менаџирањето на отпадот и на отпадните води.

 

Воедно Министерот Османи предложи двете страни да усогласат Акционен план за дејствување за 2022 година и понатаму, кој ќе служи како рамка за практично спроведување на сите наведени проекти. Во духот на соработката на економски план беше истакнато значењето на новиот концепт на економска дипломатија која го спроведува МНР и беше упатена отворена покана за посета на ОК со цел размена на искуства на стручните тимови на двете Министерства во насока на отварање на нови пазари за македонските производи со акцент на земјите од Комонвелтот и Далечниот исток каде ОК има традиционални долгогодишни трговски врски.

Мартин Викерс, претставникот на Премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон, заблагодарувајќи се на одличната соработка, најави скорешна посета во своето второ својство како претседател на парламентарната група за пријателство меѓу двете земји во најскоро време при што го истакна значењето на развојот на парламентарната дипломатија. Воедно повтори дека влезот на британски know how” и компании кои имат искуство во енергетиката, инфраструктурата, смарт концептите за развој, железницата и други големи области од витално значење за нас, но и за регионот, е мошне мотивирачка порака која би требало да даде силен импулс на Владите во регионот,да работат токму во изнаоѓање на најдобри решенија за своите идни капацитети.

На средбата се истакна и важноста на неодамна потпишаната Спогодба за партнерство, трговија и соработка,со што уште еднаш се потврдува заедничкиот политичко економски интерес и поддршка.

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...