spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Средба на министерот Тупанчески со амбасадорот на Република Словачка во земјава,...

МП: Средба на министерот Тупанчески со амбасадорот на Република Словачка во земјава, Марикуш

Министерот за правда д-р Никола Тупанчески оствари средба со амбасадорот на Република Словачка во земјава, Н.Е. Хенрик Марикуш. Тема на средбата беа активностите од спроведувањето на активностите од Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022, кои се од суштинско значење за поглавјето 23, едно од најобемните и клучни поглавја за пристапување на Република Северна Македонија во Европската унија.

Во оваа прилика, министерот за правда и амбасадорот на Република Словачка констатираа дека меѓу двете земји постои одлична соработка во сите области. Со оглед на тоа што беше посветено посебно внимание на реформите во правосудството за време на разговорите, беше нагласена важноста на владеењето на правото за европскиот пат на Република Северна Македонија, при што беше констатирано дека Република Словачка ги препознава значителните напори направени од нашата земја во делот на судскиот систем и борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Досегашните стабилни и пријателски односи, како и традиционално добрата соработка во периодот кој следува отвара можности да ја продлабочиме заради спроведување на заеднички активности со Министерството за правда во Словачка, во областа на владеењето на првото и правосудните реформи, преку размена на искуства и работни посети.
На средбата присуствуваше и почесниот конзул на Перу, Ненад Јаничевиќ.

 

 

Извор: Министерство за правда 

Прочитајте