spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМВР: Реформите продолжуваат

МВР: Реформите продолжуваат

Во процесот на редовното функционирање на Министерството за внатрешни работи, беа детектирани круцијални прашања за кои беше оценето дека е потребна нова регулатива, односно измена на постојни законски решенија, со цел надминување на системски недостатоци и проблеми, како и обезбедување на поголема ефикасност во вршењето на законски утврдениот делокруг на надлежности на ова министерство, вклучувајќи ја и полицијата, односно Бирото за јавна безбедност, како орган во состав на Министерството.

Голем дел од предметните прашања се поклопија, односно се најдоа на иста линија и со Препораките содржани во Извештајот на ГРЕКО за евалуација на Република Северна Македонија – Петти круг на тема „Спречување на корупцијата и промовирање на интегритет кај централната власт (највисоките извршни функции) и органите за спроведување на законот“. Некои од новите законски решенија се реализација на обврските за МВР содржани во Акциониот план по Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси (2020-2024) на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Со оглед на наведеното, се пристапи кон ревидирање на законски решенија, односно се доставија Предлог измени на Законот за внатрешни работи и Законот за полиција, кои се во собраниска процедура.
Прашања кои се предмет на Предлог законите се:

• Интегритет на работниците во Министерството
За првпат, со законско решение се предлага уредување на ова прашање за кандидатите за вработување во МВР, како и за сите вработени во Министерството.
Имено, како нов услов за засновање на работен однос е предложено кандидатот да има положено Тест за интегритет.

За постојните работници, пак, заради спречување на корупција и злоупотреба на службената положба, а со цел јакнење на интегритетот на секој работник, се предлага да се врши проверка на интегритетот, преку спроведување ТЕСТ за професионален интегритет. Тој тест ќе се врши континуирано за времетраење на работниот однос на работникот. Резултатот од Тестот може да биде и индикатор за поведување на предистражна постапка. Резултатот може да биде позитивен или негативен. Негативниот резултат е предвиден како потежок случај за дисциплинска одговорност и основ за поведување на дисциплинска постапка.

• Деполитизација на МВР, односно на вработените
Со предложената измена на законот се забранува работник на Министерството да членува во политичка партија, што досега не беше случај. Постапувањето на работникот спротивно на оваа забрана е предвидено како потежок случај за дисиплинска одговорност и основ за поведување на дисциплинска постапка.

• Оперативна независност на полицијата
Со цел да се гарантира и во целост да се обезбеди оперативна независност на полицијата се предлага законско решение во кое децидно се пропишува дека исклучиво директорот на Бирото за јавна безбедност дава наредби од областа на оперативното работење.

• Предвидување на квалитативно нови услови за избор на директор на БЈБ
Со предложените измени на Законот за полиција се предлага воспоставување на строги, објективни и професионални критериуми за именување на директор на полицијата кои одговараат на потребите на таквата позиција. Меѓу наведените услови за првпат како услов е предвидено да не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија.

• Реформска измена во делот на дисциплинската постапка за вработените во Министерството
Се предлага суштинско и квалитетно ревидирање на постојниот систем за дисциплинска одговорност на вработените во Министерството, со предвидување на нов организациски облик, кој ќе гарантира, односно ќе обезбеди висок степен на професионалност, специјализираност, објективност и унифицираност во работата и рационално користење и располагање со човечките ресурси во Министерството за внатрешни работи. На овој начин, со централизиран организациски облик, ќе се овозможи континуирана професионална надградба, преку стручна обука на работниците во новиот организациски облик, насочена кон надградување на знаењата и капацитетите неопходни за анализа и одлучување во случаите на утврдување на дисциплинска одговорност на работниците.

• Воведување децидна обврска за пријавување имот/интереси
Согласно предложените измени на Законот за внатрешни работи се пропишува децидна обврска за давање Изјава за имотна состојба и интереси. Тоа е обврска пропишана за кандидатите при засновање на работен однос, за работниците при промени во имотната состојба, како и при престанокот на работниот однос на секој работник. Предметното прашање е, секако, во релација со постојниот закон што ја третира оваа проблематика.

 

 

Извор: Министерство за внатрешни работи 

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...