spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Ќе одржувам средби со граѓаните пред секоја реконструкција на улица

Центар: Ќе одржувам средби со граѓаните пред секоја реконструкција на улица

Сообраќаен режим во една насока на улицата „Црвена Вода“ во Дебар Маало или таа да се затвори за сообраќај, побараа граѓаните од градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

По повод реконструкцијата на улицата, градоначалникот Герасимовски ги покани жителите на средба со цел да го презентира проектот, но и да ги ислуша потребите на граѓаните за улицата пред нејзиното инфраструктурно и финално реализирање. Граѓаните на средбата исто така побараа да се реши проблемот со паркирањето на автомобилите, како и да се спроведе подземна инфраструктура за каблите од кабловските оператори.

„Вечерва слушавме конструктивни забелешки за улицата ‘Црвена Вода’, која наскоро ќе се реконструира. Сите овие предлози кои дојдоа од граѓаните ќе бидат разгледани и по насока на стручните служби, секако доколку постои можност и реализирани. Целта на овие средби е токму тоа, да ги слушнеме граѓаните и да ги промениме и прошириме проектите според нивните потреби“, изјави Герасимовски.

Градоначалникот Герасимовски покрај редовните средби со граѓаните, најави дека ќе иницира средби и пред секоја реконструкција на улица во општината. Според него директниот контакт со жителите носи подобри идеи, но и решенија. На овие средби покрај градоначалникот, секогаш присуствуваат и претставници од општинските служби, кои ги забележуваат сугестиите, разгледуваат и ги вметнуваат во проектите.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Центар 

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...