spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Работна средба на Шаќири и директорот на Агенцијата за квалитет на...

МОН: Работна средба на Шаќири и директорот на Агенцијата за квалитет на високото образование, Рушити

За тоа како да се зголеми бројот на факултети со меѓународна акредитација, да се поттикне реализација на квалитетни студиски програми и да се промовираат мастер и докторските студиски истражувања како меѓународно привлечни програми, се разговараше на вчерашната средба помеѓу министерот за образование и наука Јетон Шаќири и директорот на Агенцијата за квалитет на високото образование, Агим Рушити.

Соговорниците изразија идентичен став дека заложбите на двете институции за унапредување на високообразовниот систем ќе се интензивираат во следниот период, затоа што тој мора да напредува, а за тоа е потребен и ангажман на раководствата и вработените во самите универзитети и факултети. Тие мора да работат повеќе на подигнување на конкурентноста и со тоа да напредуваат на светските ранг листи, што ќе значи и привлекување на поголем број не само домашни, туку и странски студенти.

Министерот Шаќири рече дека Агенцијата која е релативно нова установа, ја има поддршката од МОН во работењето и дека очекува од раководството да ги постигне целите согласно програмата за работа.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте