spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Со Владата се подготвени да ја продолжат дополнителната мерка од 3...

МЗШВ: Со Владата се подготвени да ја продолжат дополнителната мерка од 3 денари за оризопроизводителите

Владата и Министерството за земјоделство, шумасртво и водостопанство, се подготвени да ја продолжат дополнителната мерка од 3 денари за произведена и предадена оризова арпа, изјави вчера министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Министерот Николовски посочи дека во моментов Државниот инспекторат за земјоделство ги спроведува потребните контроли на терен за да се утврди точната количина на оризова арпа што не е откупена.

„Очекуваме сите конторли од Државниот инспекторат за земјоделство да бидат направени и завршени следната недела, заради тоа што самите земјоделци на средбата што ја имавме во Кочани, алармираа за можни манипулации од страна на трети лица, од страна на трговци.За да не се случи дека се уште имаме некој ориз што не е откупен, а за којшто е веќе исплатена субвенција од 3 денари , сакаме да се констатира фактичката состојба и тоа ќе го знаме следната недела, кога ДИЗ ќе ги заврши контролите на терен, и ќе знаеме точно за колкава колична на неоткупен ориз станува збор.Она што го имаме како првична информација е дека има уште околу 15.000 тони што остануваат неоткупени. Владата и министерството се подготвени да ја продолжат дополнителната мерка од 3 денари за оризопроизводителите. Дополнително ќе се одлучи дали тоа ќе биде преку Програмата за директни плаќања или преку КОВИД пакетот“, рече министерот Николовски.

При тоа министерот Николовски потенцираше дека поддршката за оризопроизводителите изминатите четири години постојано се зголемува. Субвенциите за оризот се зголемени за 300%, се воведе мерката за зелена нафта за која оваа година изнозот за кофинансирање е зголемен за 13% односно за толку колку е што е зголемена цената на нафтата, постојано имаме слух за вистинските на барања на вистинските земјоделци и експресно наоѓаме решенија, рече министерот Николовски.  

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте