spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиРаботна средба со министерот за Правда

Работна средба со министерот за Правда

Преставниците на Синдикатот на УПОЗ на средбата го запознаа Министерот за правда проф. д-р Никола Тупанчески за проблемите со кои се соочуваат вработените во правосудството а се постигна и договор, дека сите отворените прашања се решаваат тековно, со цел да се овозможат подобри услови за работа за вработените. 

На барање на Синдикатот на УПОЗ, кој беше преставуван од Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски, Генералниот секретар Бојан Трипуноски, претседателот на СО при Јавните обвинителства Изабела Илиева, претседателот на СО при Основен суд Велес Горанчо Чолаков и Советникот Пецо Грујовски од едната страна и Министерот за правда проф. д-р Никола Тупанчески од другата страна, одржа работна средба на која беа покренати неколку отворени прашања за вработените во правосудството, со особен акцент на зголемувањето на платите.

 

Од страна на претседателот Трпе Деаноски, беше посочено дека со зголемувањето на минималната плата, потребно е да се направи измена и усогласување и во Законот за судска служба и Законот за јавно обвинителска служба. Воедно беа побарани и информации од страна на Министерот Тупанчески за најавеното зголемување од 15% за вработените во судовите и јавните обвинителства кое е најавено во јавноста.

На средбата беше разговарано и за отпочнување на разговори за промена на Законото за судска служба и Законот за јавно обвинителска служба, со што истите ќе бидат усогласени со измените на Законот за административни службеници кои во последните две години беа направени а и дополнително да се унапредат правата од работен однос.

Министерот Тупанчески на преставниците на Синдикатот, им укажа дека е потребно усогласување на платите во правосудството и дека во наредниот период очекува да има повеќе информации за оваа активност. За најавеното зголемување на платите во судовите и јавните обвинителства во висина од 15%, Министерот посочи дека нема временска рамка за реализирање на ова прашања, како и за кого точно ќе се однесува зголемувањето. Претседателот Деаноски посочи дека доколку дојде до зголемување на платите само за судиите и јавните обвнители, ќе се створи голем револт и вработените во судовите и јавните обвинителства ќе го искажат својот револт.

Министерот Тупанчески посочи дека лично како прв човек на Министерството за правда, има желба за подобрување на состојбите во правосудството и дека за тоа ќе биде потребно и Синдикатот на УПОЗ како репрезентативен синдикат да се вклучи во процесот.

На крајот, двете страни се договорија дека е потрено да се формираат работни групи, кои ќе се брифираат меѓусебно, со цел сите отворени прашања прво се решаваат на маса, а доколку тоа не се случи да се искористат сите достапни механизми за искажување на незадоволството.

 

 

 

 

 

Извор: УПОЗ

Прочитајте

Кисела Вода: Организирана акција за садење дрвца

0
Во духот на грижата за животната средина и создавање поздрава животна средина за идните генерации во oпштина Кисела Вода се спроведе голема акција за...