По налог на Градот екипите на ЈП „Улици и патишта“ деновиве изградија подигнати пешачки премини на улицата Коце Металец за подобрена безбедност во сообраќајот во овој дел на градот. Подигнатите пешачки премини ќе ја намалат брзината на движење на возилата и ќе ја зголемат безбедноста на сите учесниците во сообраќајот. Обележана е и хоризонталната сигнализација на пешачките премини, а поставени се и заштитни столпчиња за дополнителна безбедност.
Екипите на Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“ се секојдневно на терен и вршат интервенции, замена или поставуваат дополнителна сообраќајна сигнализација секаде каде што граѓаните пријавиле проблем, а е од нивна надлежност.
Извор: Град Скопје