Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција-СВР Скопје при Бирото за јавна безбедност викендов (17, 18 и 19 февруари) постапувајќи по претходно изготвен план на БЈБ за контрола на угостителски објекти во Скопје, извршија контроли во 18 угостителски објекти.
При тоа приведени се три лица, кај кои е пронајдена прашкаста материја и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело по член 215 од КЗ.
Четири лица се приведени затоа што кај нив биле пронајдени ножеви и против нив ќе бидат поднесени пријави по член 80 од Законот за оружје. Ваквите контроли продолжуваат и во наредниот период.