spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаТројца поранешни градоначалници на Општина Демир Хисар обвинети за злосторничко здружување

Тројца поранешни градоначалници на Општина Демир Хисар обвинети за злосторничко здружување

Државната комисија за спречување на корупција, предложи да се покрене постапка за кривично гонење на тројца поранешни градоначалници на Општина Демир Хисар (Тони Ангелевски, Љупчо Блажевски и Марјанче Стојановски), раководителот на Одделението за урбанизам на општината (Соња Наумовска) и нејзиниот сопруг (Раде Наумвски), заради злосторничко здружување.

Имено, сопругот на раководителката на Одделението за урбанизам, закупил деловен простор кој е во сопственост на Општина Демир Хисар, со години не плаќал закуп и се стекнал со бесправно стекната корист на средства од над 1,5 милиони денари.

Во пријавата доставена до ДКСК е наведено дека геодетските елаборати за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти во Демир Хисар ги изработиле фирми чии сопственици биле во блиски деловни односи со поранешниот градоначалник Тони Ангелески. Постоел и договор меѓу раководителката Наумовска и поранешниот градоначалник Марјанче Стојановски, за помош при легализација на објекти на блиски луѓе и роднини на тогашниот градоначалник, во замена Општината да не постапува кон наплата за закупот на општинскиот објект.

Во ситуација кога Општината е презадолжена, не ги користи ни дадените извори за прилив на средства, туку ги злоупотребува само со цел да имаат профит неколку поединци а тоа сето да оди на штета на општината и буџетските средства.

 

 

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...